Најнови фотографии

СРБИЈА

СРБИЈА

СРБИЈА

Најнови сувенири

КНИГИ МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ НОСИИ МАК/АНГ ЈАЗИК

КНИГИ РАЗВОЈ НА СЕЛСКАТА АРХИТЕКТУРА ВО МАКЕДОНИЈА МАК/АНГ ЈАЗИК

КНИГИ ПИЈАНЕЦ-РУРАЛНА АРХИТЕКТУРА МАК/АНГ


ТУРИЗАМ

ТУРИСТИЧКИ ВОДИЧ

АНГАЖИРАЊЕ НА ЛИЦЕНЦИРАНИ ТУРИСТИЧКИ ВОДИЧИ


ПРОШЕТКА СО КАЈЧЕ ПО ИЗВОРИТЕ ВО СВЕТИ НАУМ

ПРОШЕТКА СО КАЈЧЕ ПО ИЗВОРИТЕ ВО СВЕТИ НАУМ 

Изворите во Св.Наум се дел од националниот парк Галичица ( зона со режим на строга заштита) каде е дозволено превоз на патници само со кајче на весла ( не е дозволена употреба на мотор ). Прошетката  трае од 20 до 30 минути.Цената изнесува  200 денари (3.5 евра ) за 1 патник ако има 6 или повеќе од  6 патници, или вкупно 1200 денари (20 евра ) ако има од 1 до 6 патници ( за мали деца со родители превозот е бесплатен ). За ученици цената изнесува 150 денари (2.5 евро ) за ученик. Во цената е вклучено и објаснување од лиценциран туристички водич на Македонски, Англиски, Германски и Грчки јазик. Лице за контакт  НИКОЛА ПАВЛЕСКИ  (во изворите почна да превезува патници од 1998 год. и е препорачан во неколку туристички водичи за Македонија и Охрид. ) неговото кајче е со број 1.    тел. +389 70 456 057    facebook:  nikola.pavleski.75   instagram:  pavleski.nikola.75






ПРОШЕТКИ

Посета на природните и културно-историските знаменитости на Република Македонија

Освен предложените прошетки од наша страна, постои можност за организирање на еднодневни и повеќедневни прошетки, во зависност од вашиот интерес.  





СЕЛСКИ ТУРИЗАМ

Еден од поспецифичните видови на туризам во Македонија е секако селскиот туризам.

Туристите   имаат можност да посетат некое традиционално Македонско село каде што животот се одвива во голема мера како во минатите времиња. И додека во повеќето низински села одамна луѓето ги уживаат благодетите на новото време и модерната технологија, тоа не е случај со планинските села.Ако се знае дека седумдесет проценти од територијата на Р.Македонија е ридско-планинска, тоа значи дека поголемиот број на села се  од овој вид.За жал во некои од овие села животот наполно згаснал. Во други може да се види контрастот помеѓу модерните куќи за живеење и оние кои опстојуваат стотина па и повеќе години. Но можеби најинтересни се оние кои се уште пркосат на времето.Некои од овие села едноставно како времето да ги одминало, а во нив се уште има живот. Иако е тоа денес вистинска реткост, се уште може да се види како се пече леб во некоја фурна, како се меле жито во некоја воденица што се уште е во функција, како се пече домашна ракија,се припрема зимница.

Во некои од овие села може да се види како се изработуваат глинени садови, како се ткае на разбој, како се перат јамболии во валајца, како од дрвени прачки се плетат корпи и кошеви... Денес при посета на некои од овие села може се уште да се почувствува и да се доживее минатото.Некогаш и овде средсело се играло оро, се слушал звукот на тапанот,  детскиот плач, училишното ѕвонче,песната на жетварите, овчарскиот кавал... Ливадите и овде биле ораници, добитокот се напасувал на околните ридови, денот почнувал со надеж, а ноќите не биле така осамени и бескрајно долги... Денес се уште постои таква можност но никој со сигурност неможе да каже до кога. Затоа искористете го вашиот престој во Македонија и доживете нешто несекојдневно, нешто сосема поразлично.

Подетални информации за организирање,  на еднодневни и повеќедневни екскурзии во руралните средини( во околината на Охрид и Струга, Југозападна Македонија и останатите делови на Р.Македонија)   можете да добиете на:

 телефонскиот број:  +38970456057

Лице за контактНикола Павлески

E-mail:  Info@nikoturs.com

facebook: nikola.pavleski.75 







ПРОШЕТКА БР.1

прошетка бр.1

-Поаѓање од вашиот хотел (апартман) во Охрид, Струга или околината (08.00-09.00) или по договор.

-Посета на музејот на вода (реконструкција на праисториско наколно живеалиште) кај Градиште.

-Посета (со кајче од с.Трпејца) на црквата св.Богородица Захумска-Заум изградена 1361 година.

-Посета на манастирскиот комплекс во Св.Наум.

-Прошетка со кајче по изворите во Св.Наум.

-Посета на националниот парк Галичица.

-Посета на Преспанско Езеро.

-Посета на етнолошкиот музеј во с.Подмочани.

-Посета на валајца во с.Речица.

-Враќање во хотелот(апартманот) 18.00-19.00

(Постои можност за промена на некои од предложените содржини со друга, во истиот регион, по барање на гостите или од објективни причини, како и промена на времето на поаѓање и враќање по договор.)





ПРОШЕТКА БР.2

Прошетка бр.2

-Поаѓање од вашиот хотел ( апартман ) во Охрид, Струга или околината ( 08.00-09.00) или по договор.

-Посета на градот Битола ( античкиот град Heracleia Lynkestis, црквата Св.Димитрија во центарот на градот, старата чаршија...).

-Посета на градот Прилеп ( населбата Варош, манастирот Св.Архангел Михаил...).

-Посета на градот Крушево и неговите знаменитости.

-Враќање во хотелот ( апартманот ) 18.00-19.00

( Постои можност за промена на некоја од предложените содржини со друга, во истиот регион, по барање на гостите или од објективни причини, како и промена на времето на поаѓање и враќање по договор.)

 





ПРОШЕТКА БР.3

Прошетка бр.3

-Поаѓање од вашиот хотел ( апартман ) во Охрид, Струга или околината од 08.00-09.00 или по договор.S

-Изворите во с.Вевчани.

-Долината на реката Црн дрим.

-Манастирот Св.Ѓорѓи Победоносец во с.Рајчица.

-Гарски мост (еленски скок ) на Гарска Река.

-Село Гари

-Манастирот Св.Јован Бигорски.

-Мавровско Езеро.

-Враќање во хотелот ( апартманот ) 18.00-19.00

( Постои можност за промена на некоја од предвидените содржини со друга, во истиот регион, по барање на гостите или од објективни причини, како и промена на времето на поаѓање и враќање по договор.)





ПРОШЕТКА БР.4

Прошетка бр.4

-Поаѓање од вашиот хотел ( апартман ) во Охрид, Струга или околината од 07.00-08.00 или по договор.

-Посета на кањонот Матка крај Скопје ( прошетка со кајче ).

-Црквата Св.Спас ( гробот на Гоце Делчев ).

-Музеј на Македонија.

-Старата скопска чаршија.

-Национална галерија ( Даут-Пашин Амам ).

-Камениот мост.

-Манастирскиот комплекс Св.Пантелејмон во с.Нерези.

-Враќање во хотелот ( апартманот ) 19.00-20.00 

( Постои можност за промена на некоја од предвидените содржини со друга, во истиот регион, по барање на гостите или од објективни причини, како и промена на времето на поаѓање и враќање по договор.)





ПРОШЕТКА БР.5

 Прошетка бр.5

-Поаѓање од вашиот хотел ( апартман ) во Охрид, Струга и околината од 08.00-09.00 или по договор.

-Посета на градовите Поградец и Корча во Република Албанија.

-Изворите во с.Тушемишта.

-Галеријата на икони во Корча.

-Музејот во Корча.

-Пазарот во Корча.

-Селото Пустец на Преспанското Езеро.

-Враќање во хотелот ( апартманот ) 18.00-19.00

-Постои можност за промена на некоја од предвидените содржини со друга, во истиот регион, по барање на гостите или од објективни причини, како и промена на времето на поаѓање и враќање по договор.)